Денеска ќе бидат објавени тајни документи за убиството на Кенеди


Денеска се очекува да бидат објавени тајни документи за убиството на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди. Експертите не очекуваат големи откритија.

Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година. Комисијата што го истражувала неговото убиство заклучи дека зад него стои поранешниот стрелец од прва класа во американската морнарица, Ли Харви Освалд, и дека дејствувал сам.

Но, оваа официјална верзија веќе со години е оспорувана, а за убиството на Кенеди постојат многу верзии и теории на заговор.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека одобрил откривање на преостанатите 3.100 фајла за овој случај, кои содржат десетици, а можеби и стотици илјади документи.

„Претседателот смета дека овие документи би требало да бидат достапни во интерес на целосна транспарентност, освен ако спротивно не одлучат агенциите што се занимаваат со националната безбедност“, соопшти Белата куќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1