Денеска многу топло, од утре пеколно до 40 степени


Во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 32 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Од утре до сабота вдолж Повардарието максималната температура ќе надмине 40 степени. Утре ќе дува засилен југозападен ветер. Во петок и во сабота максималните дневни температури ќе достигнат и до 42 степени.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи, а од понеделник и значително опаѓање на температурата. УХМР Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1