Денеска пресуда за хулиганите од протестите кај Бит пазар


Претпладнево ќе биде објавена пресудата за насилните протести од втори март организирани на Фејсбук за поддршка на именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.

protesti bit pazar17 -мина се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело. Според пресметките на обвинителството разулавената толпа направила штета од речиси 9 милиони денари. Овде спаѓаат искршените возилата на МВР, над 15 приватни возила, 2 автобуски постојки, 10-тина прозорци, еден запален и два оштетени автобуси на ЈСП, две каменувани противпожарни возила кои дојдоа да го изгаснат пожарот.

20 тина полицајци кои интервенирале на протестите беа повредени со бекатон плочки, камења, шишиња и други тврди предмети. Во текот на судскиот процес сведочеа и граѓани кои биле случајни жртви на насилствата низ Скопје и биле повредени од хулиганите, но најголем број од нив не ги препознале обвинетите. Сведочеше и возачот на автобусот кој беше запален кај Бит пазар. Одбраната целосно ги негираше обвиненијата и ги оспори снимките од медиумите со чија помош МВР ги идентификуваше обвинетите.

Izvor/Foto – Kanal 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1