Денеска се празнува Св. Никола – Среќна слава, за многу години


Денеска е Св. Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски.

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им случи на луѓето.

На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира.

За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви невољи.

Неговите нетлени мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1