Денеска времето ќе биде сончево и потопло од вчера со дневни температури до 25 Целзиусови степени, а максималната ќе биде во Гевгелија – 27 степени.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 24, Тетово и Гостивар 23, Маврово 14, Штип 24, Виница 23, Крива Паланка 21, Куманово 23, Свети Николе 24, Кавадарци 25, Струмица и Дојран 26, Гевгелија 27, Крушево 16, Битола 23, Прилеп, Охрид и Дебар 22…
Утре ќе имаме сончево и топло време со температури од 24 до 30 степени, во среда мала облачност и температури од 27 до 32, а веќе в четврток повремени врнежи од дожд и температури од 24 до 31 Целзиусови степени.