Денеска целосно затемнување на Месечината


Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека денеска ќе се случи целосно затемнување на Месечината. Овој феномен се случува кога Сонцето, Земјата и Месечината се во иста рамнина. Тогаш Месечината добива црвенкаст сјај бидејќи влегува во земјината сенка, поради што често се нарекува „крвава Месечина“.Krvav-mesec-1

За разлика од затемнувањето на Сонцето што се случи на 20 март, затемнувањето на Месечината ќе биде видливо на целата планета, особено во деловите каде ќе биде ноќ. Затемнивањето треба да почне во 12:15 и ќе трае до 15:45, а ќе биде видливо во Северна Америка, Азија, Австралија и Нов Зеланд. Затемнувањето ќе трае четири минути и 43 секунди.

Следното затемнување на Месечината ќе биде на 28 септември 2015 година.

Затемнувањето на Месечината како спектакуларна астрономска појава во минатото често се сметала како лош знак, што најавува некаков неуспех.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1