Од тоа што сум информиран, сајтот на ДИК би цел на хакерски напад. Не би шпекулирал со тоа додека истото не с епотврди. Јас не сум ИТ експерт. Нападот не предизвика никаква реална штета. Тоа што г собираше апликацијата не е допрено.
Обработени се околу 70 отсто од избирачки места, а засега станува збор за „мртва трка“ меѓу главните политички субјекти.
СДСМ има добиено околу 36,76% од гласовите додека ВМРО-ДПМНЕ околу 35,96%.
Од преброени гласови од 2.277 од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75.
Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 10, 31 отсто, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13, за Левица 4,16, за Интегра 1,38, за ДПА 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.