Десет најголеми теории на заговор


Зад убистовото на Кенеди е одговорна ЦИА, Тито бил советски шпиун, со светот управуваат рептили, а елитата полека создава глобална држава…


Теориите на заговор одсекогаш имале свои поклонители кои знаеле да ја „глицнат“ имагинацијата, а со појавата на модерните медиуми, станаа нераскинлив дел од современото друштво и култура.
Што всушност претставуваат теориите на заговор? Со нив дел од светската популација се обидува да ги објасни историските или моменталните случувања, како резултат на делување на некоја тајна елита, односно здружување на различни моќници, со цел да остварат некои заеднички цели или интереси.
Теориите на заговор постоеле отсекогаш, но до појавата на модерните медиуми, телевизијата и интернетот, познати се само неколкумина ентузијасти. Појавата на телевизијата, а поготово интернетот станаа достапни на широката маса и народ. Целата тематика од серијата „Досије X“, се врти околу паранормални и тајни елити кои се обидуваат да ги заташкаат работите.
Исто така, книгата и филмот на „Кодот на Давинчи“, се базирани во потрага на Светиот Гарл, односно потомството на Исус, а „тумачењето“ за рептилите дека управуваат со светот, ни станаа секојдневница.
Некои теории на заговор донекаде оправдано се оспорувани. На пример, неодамна петмина луѓе, поранешни вработени во тајната воена база „Ареа 51“, проговореа за нејзиното реално постоење. Но, негираа дека војската работи на каков било вид на откривање на вонземјанска технологија. Загрижените поборници не веруваат во ваквите тврдења и веруваат дека станува збор за замајување на јавноста.

10. Мајкрсофт праќа скриени пораки преку фонтот Wingdings

Оваа контроверзна теорија започна во 1992 година, неколку дена по пуштањето во продажба на Windows 3,1. Имено откриено е дека ако во фонтот Wingdings се напишат буквите NYC, на екранот ќе се појави симбол на глава од мртовец. Ѕвездата на Давид е гест „палецот горе“. Овие симболи се протумачувале како одобрување на убивање на Евреите, поготово на оние кои што живеат во Њујорк. По случувањата на 11 септември откриена е уште една порака, додуша лажна, но многумина без поголема задршка веднаш поверуваа. И покрај тоа што броевите на летовите со кои авионите удрија во Светскиот Трговски Центар, биле 11 и 175, некој се присетил и на лесноверниците им подвалил лажен број на летот на едниот од авионите „Q33NY“. Ако овој број се запише во фонтот на Wingdings, се добива језива најава на самиот настан на случување, авинот кој лета кон зградите, мртвата глава па ѕвездата на Давид.

9. Росвел

Теоријата која датира од далечната 1947 година, со падот на вонземјанското летало во американскиот град Росвел во Ново Мексико. Се развила откако американската влада најпрвин потврдила дека се срушил некаков тањир, а потоа ја промени изјавата дека се срушил некаков метеоролошки балон. Според некои нови податоци, во Росвел вистината била заташкана. Имено, не се срушил некаков летачки објект, ниту пак метеоролошки балон. Вистината била дека станува збор за таен шпиунски балон под име Проект Могул. Но, Едгар Мичел, поранешен астронаут од мисијата Аполо 14, неодамна изјави дека владата ги приморала мештаните од Росвел да молчат за падот и дека вистината било дека станува збор за вонземјанско летало.

8. Убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди

Џон Ф. Кенеди е убиен во Далас во 1963 година. По десетмесечна истрага е пронајден убиецот Ли Харви Освелд. Теоретичарите сметаат дека во заверата морало да постои најмалку уште еден атентатор, а се сомневаат и во мотивите на Освелд.
Околу убиството на 35-от американски претседател со текот на годините се прошириле голем број на теории кои сугерираат дека зад атентатот стојат различни политички опции и државни агенции, како ЦИА, КГБ, па се до мафијата и тогашните потпретседатели Линдон Б. Џонсон, Ричард Никсон, Џорџ Буш постариот, па дури и Фидел Кастро се најшол на списокот на осомничени.

7. Со светот управуваат раса на рептили

Основач на оваа теорија е поранешниот репортер на Би-Би-Си, Давид Ицке. Тој тврди дека со светот управуваат раса на рептилски вонземјани кои можат да попримат човечки облик и дека се наоѓаат на сите водечки државни функции.
Според него, британското кралско семејство и целото американско државно водство, како и голем број на останати светски лидери, не се човечки битија туку рептили. И покрај тоа што нема докази за своите тврдења, Давид патува по светот и одржува говори, семинари, продава книги и гостува по телевизиските шоуа.

6. Пол Мекартни е мртов

Според урбаната легенда, Пол Мекартни умрел уште далечната 1966 година, а членовите на Битлси го замениле со негов двојник. Поборниците на ваквата теорија тврдат дека доказите се наоѓаат на голем број на албуми на Битлси. Наводно постојат пораки кои можат да се слушнат доколку некои од песните се пуштат да свират наназад, односно траговите се видливи на сликите на албумите и дека зборовите во песните упатуваат на тоа дека Мекартни е мртов.
Главниот доказ на целата теорија е фотографијата на албумот „Abbey Road“. Имено, теоретичарите на оваа фотографија виделе скриена симболика затоа што Пол Мекартни изгубил чекор со останатите членови од составот.

5. НАСА го лажирала слетувањето на Месечината

Многумина од луѓето првите чекори на астронаутот Армстронг на Месечината во 1969 година не ги сметале за уверливи. Наводно ова било сценарио смислено од авторот на научна фантастика Артур Кларк, а во режија на никој друг, туку самата ЦИА.
Поборниците сметаат дека патот на Месечината не би бил возможен поради следните причини: астронаутите не би можеле да ја преживеат екстремната радијација, квалитетот на снимените фотографии е невозможно премногу квалитетен, на истите не се гледаат ѕвездите, на сите од нив теренот е идентичен. Така што додека е светло на Месечината, местото е толку жешко што филмот во камерата би се стопил, а го нема ниту кратерот кој требало да се појави по слетувањето на леталото. На снимките се гледа и веењето на американското знаме, нешто што не би требало да се случи поради немањето на ветер.

4. Јосип Броз Тито бил советски шпион

Да, теориите на завера не се резервирани само за западната цивилизација, а тоа го потврдува една домашна „урбана“ легенда. Имено според некои прикаски, најголемиот син на нашиот народ и народности загинал, а Комитерната на негово место го поставила неговиот двојник, кој бил шпиун. И тука постојат неколку теории. Една од нив тврди дека Тито соработувал со Русија во 20-те години од минатиот век, а друга дека загинал во битката во Сутјеска, но и во двете теории тој е советски агент. Според некои зборувања, овој двојник бил осиромашен полски благородник. Тоа и оди во прилог на прикаската дека Тито по војната на мештаните во Кумровци не го препознале. Наводно вистинскиот Тито немал три прсти на десната рака, а неговиот двојник дури свирел на клавир.

3. Крај на светот 2012 година

Научниците откриле дека Мајскиот календар е поприлично прецизен и дека предвидувањето за космичките случувања, ја вклучува и нашата планета. Проблемот е во тоа што во календарот не постојат записи што ќе се случи по 2012 година, односно предвидувањата тука престануваат.
Многу луѓе кои го проучуваат овој феномен се сигурни дека ќе се случи нешто важно, но не знаат што точно. Предвидувањата се различни, од тоа дека циклусот ќе се врати на почеток и се ќе започне одново или дека ќе дојде до космичка катаклизма која ќе го избрише целиот живот на Земјата.
Според некои теории, во 2012 година ќе се случи целосна нуклеарна војна, а човештвото од изумирање ќе биде спасено од страна на вонземјани.
Од друга страна, некои веруваат дека по 2012 година, човештвото ќе влезе во златна доба, во ера на просперитет, благосостојба и траен мир.
Но, се на се сите заговорници на оваа тероија се согласуваат во едно: Светските влади знаат што ќе се случи, но вистината ја кријат од граѓаните.

2. Глобалната финансиска и светска криза е намерно предизвикана

Една од поновите теории на завери е намерно рушење на економиите како би се уништила колективната сопственост на просечниот човек. Според теоретичарите, од половината на минатиот век, Американците, својот имот го држеа во банките, во пензиското осигурување и недвижностите. Но, како што минувало времето со овие пари не можело лесно да се манипулира ниту пак да се контролираат, елитите одлучиле да пронајдат нови методи кои ќе им овозможат да управуваат со нив. Полека луѓето почнаа да вложуваат во акции, а не во банките и во пензии. Така инвестициските банки почнаа да никнуваат.
Следниот чекор биле недвижностите. Започнаа да ги даваат хипотекарните кредити на луѓе кои не биле во можност да ги враќаат, а тоа доведе до целосен крах на пазарот на недвижности.
Оние кои што тоа го предвиделе, добиле финансиски награди, но притоа милиони Американци останаа без своите долгогодишни заштеди, а вредноста на нивните недвижности значително паднале.

1. Нов светски поредок

Оваа теорија на заговор е мајка на сите теории на заговор, нивно јадро, затоа што сите елити кои што сакаат со своите скришни игри да стигнат до моќ, како крајна цел, мораат да воспостават нов поредок.
Во сржта на оваа теорија е тајните друштва како Билдерберг, Илуминатите и Масоните, со кои управуваат познати личности во политиката, економијата или културата, а се со цел да создадат една глобална полициска држава.
Намерно предизвиканата светска криза и слабеењето на светското влијание на САД, според некои од тумачењата, би можеле да предизвикаат создавање на глобални држави. Прикривањето на НЛО, а и на вонземјаните и нивните дела, за теоретичарите се чини дека на светската елита им е потребна нивната вонземјанска технологија, за да можат да управуваат со целата светска популација.
Но на крај на краиштата, секое криминално дело, од кражба на банки, до нарачано убиство, па се до аферата Watergate, во чие планирање учествувале повеќе од едно лице, може да се протолкува како заговор.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1