Десет уреди кои морате да ги купите веднаш!


Кога е во прашање технологијата, понекогаш се исплати малку да почекате на подобрување на моделот. Сепак и предолгото одолговлекување не е добро.


Ви ги претставуваме 10 производи кои слободно можете уште веднаш да ги набавите, без грижа дека за половина година или година дена, ќе зажалите поради тоа што на пазарот излегле подобри модели.

Монитор

Што повеќе пиксели имате, тоа ќе биде продуктивно. И покрај тоа што во 2013 година ќе видиме голем број на нови монитори и денешните добро ќе ви служат сигурно за година, две па може и повеќе.

SSD

Доколку не користите Solid State Drive (SSD) во комјутерот, прескокнете го овој дел и продолжите да живеете со незнаењето… SSD е далеку побрз од обичниот хард диск. До неодамна беа безобразно скапи, но денес можете да си го дозволите моделот од 240 GB или моделот од 120 GB, за цена помала од 150 евра.
SSD дисковите се тивки и не развиваат висока температура како класичните хард дискови. Ова е компонент на комјутерот кај кого ќе ја забележите разликата и кој се исплати да се има.

7 инчен таблет

Доколку ви треба евтин, робусен таблет, нема причина за чекање. Во овој момент можете да купите три извонредни таблети: Amazon Kindle Fire HD, Google Nexus 7 или пак Noble Nook HD, додека 7,8 инчниот мини iPad веројатно ќе биде претставен во некоја поблиска иднина.

iPhone 5

Доколку сте љубител на производите на Appel, iPhone 5, е производ кој сте го чекале. Дури и кога Apple ќе го замени наредната година iPhone 5 со нов модел, не очекувајте поголемо подобрување и промени во период од две години.

eReader

Barner & Noble Nook Simple Touch s Glowlight технологијата и Amazon Kindle Paperwhite, се два фантастични е-читачи, кои можете да ги употребите и на најсилното сонце и во најмрачната соба.

Set-Top Box

Многу корисници не сакаат да гледаат филмови на комјутерот или на мобилниот уред. Евтиниот сет-топ box, уред како што е Apple TV, можат да ви овозможат дел од своите омилени содржини да ги гледате директно од интернет.

Принтер

Како и поголемиот дел од технологијата, и принетерите стануваат се подобри и подобри, а разликата меѓу нив е толку мала, да повеќето корисници и не ја приметуваат. Ако сега купите принтер со солиден квалитет или еден од „all-in-one“ принтер, таков би требало да ги задоволи поголемиот дел од вашите потреби во наредните пет години.

Тастатура

Последната голема промена на тастатурата се случила во 1994 година кога Microsoft прв го додаде Windows копчето, а другите продавачи го следеа. Точно постојат неколку инивации кои се случиле во изминатите неколку години, кои се појавија на тастатурите за играње.

Надворешни хард дискови и USB

Најголемиот напредок во технологијата во последните неколку години е појавата на USB 3.0. Иако во 2013 година можеме да очекуваме повеќе уреди опремени со Thunderboltom, големи се шансите истите тие да бидат премногу скапи. Луксузни производи како FireWire. Нема никакви показатели дека цената на надворешната меморија SSD радикално да падне.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1