BBC водителот не силувал сам – ќе се апсат 12 ТВ ѕвезди (Видео)


Џими Севил не е единствената звезда на Би Би Си која злоставувала деца. Полицијата најави апсење на уште околу 15 познати ТВ ѕвезди од BBC. Од 170 жени кои сведочеле дека биле силувани, десетина дале исказ дека во силувањето учествувале и други познати ТВ ѕвезди и ги навеле нивните имиња. Се очекува полицијата да ги уапси во наредните неколку дена.

Досега за Севил се знае дека сексуално злоставил најмалку 300 деца. Командантот на Метрополитан полицијата Питер Спиндлер признал дека иако се молчело, севил бил пријавуван и порано но случаите се заташкувале. Регистрирани се два случаи еден во `80-тите од минатиот век, а другиот во 2003 година.

Додека скандалот ја тресе британската јавност се појавуваат и нови докази. Имено на една видео снимка од неговата емисија Севил и јавно злоставува 19 годишна девојка.

Силвија Едвардс, тогаш 19 стоела до Севил за време на снимањето – одеднаш отскокнува и вика. Додека таа се обидува да се тргне од него тој злобно се смешка и ја најавува следната песна.

Девојката подоцна отишла до продуцентите и им кажала дека Севил и ја пикнал раката под фустанот и ја фатил за задникот, но грубо ја избркале велејќи и дека Севил сигурно се шегувал.

Силвија денес има 55 години и изјавила дека по гестот на надлежните во телевизијата била посрамотена и не продолжила со обвинението против водителот плашејќи се да не ја наречат глупава. Нападот се случил 25 декември 1976.

Повеќе инфо – Почна апсењето на славните – Поп ѕвездата Гери Глитер уапсен за педофилија (Видео)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1