Модерната наука ги откри античките мистерии за мумиите (Фото)


Истражувачи од Њујорк ја искористиле модерната денешна форензичка наука со цел да го откријат лицето на четири антички мумии од 1 век од н.е.


„Ова беше доста возбудливо“, изјавил Бог Бриер, египтолог од Универзитетот на Лонг Ајленд и главен автор на новата студија во списанието ZAS. „Не знаевме на што можеме да наидеме“дополни Бриер.

Тој и неговите колеги користеле скенер КТ за да произведат физички модели на черепите на мумиите. Потоа биле утврдени возраста и полот на истите. Процесот на фарбање на лицата траел седум дена по мумија.
„Умиравме од радозналост за да откриеме како изгледале“, дополни Бриер.
Тимот потоа ги споредувал лицата со насликаните портрети на погребаните мумии кои биле скриени во превиените тела.
Две од четирите слики биле доста слични со лицата на мумиите.


Но, едно од лицата не се поклопувал со портретот, па водечките истражувачи веруваат дека станува збор за погрешен портрет завиткан во мумијата.
Можно е дека во процесот на мумификација, кога неколку тела во исто време биле мумифицирани, да се случила ваквото несогласување“, вели Бриер.

Носот на четвртата мумија изгледал повеќе рафинирано во портретот отколку во предвидувањето на истражувачите, но неговите други фацијални карактеристики и пропорции биле толку доследни, што се верува дека кај него немало замешаност на сликите“, вели Бриер.

Студијата фрла светлина врз целта на ваквите портрети, кои ја претставуваат промената од симболичната во реалистичната уметност, откако Римјаните го освоиле Египет во 30 век п.н.е.

„Студијата покажува дека некои од овие портрети биле направени по смртта“, вели Бриер, додавајќи дека некои портрети биле најверојатно стилизирани за да означат еден вид на додворување на покојникот.

„Ова е вистински начин за тестирање на ваквата хипотеза, дека портретите на мумиите биле направени кога поединците биле живи“, вели Салима Икрам, професор на Египтологија на Американскиот универзитет во Каиро, кој не бил вклучен во студијата.

„Тоа го подобрува нашето разбирање за концептот а портретот и неговото значење во овој момент“, дополни Икрам.

Бриер посакува вакват студија да се прошири и да се вклучат повеќе мумии. Но, и покрај тоа што постојат повеќе од 1000 портрети на мумии, помалку од 100 се прикачени на нивните тела.
„Проблемот е во изнаоѓањето на портретите кои што се врзани за мумиите. Многу од портретите биле извадени од нив и подавани во периодот од 19 век и почетокот на 20 век“, вели Икрам.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1