Ал Каеда сакала со смртоносна крема намачкана на кваки да убие илјадници во Британија


Британската терористичка група која била уапсена во Бирминген планирала да убие повеќе од 1.000 луѓе со помош на смртоносна крема која сакале да ја намачкаат на кваките на милиони автомобили низ Британија.

Ирфан Насеер, водач на терористичката група, во снимен таен телефонски разговор кои излегол во јавност рекол дека луѓето би умирале само за пет минути откако ќе ја допреле смртоносната крема. Кремата не би можела да се забележи затоа што тие планирале да ја мачкаат на автомобилските кваки, а упатствата за нејзината подготовка ги научил во Пакистан, каде што бил на обука во еден од тајните кампови на Ал Каеда.

Било предвидено и да се изведат и осум самоубиствени напади со експлозиви скриени во ранци кои биле откриени при апсењето на членовите на оваа терористичка група.

Насеер, Ирфан Халид и Ашик Али наводно се главните на група од 12 луѓе кои беа уапсени минатата година и се обвинети за планирање на терористички напади.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1