Десет заразени здравствени работници во Градската болница „8 септември“


Десет заразени здравствени работници од Ковид 19 се регистрирани во Градската болница „8 септември“, позната и како Ковид болница, во која се носат речиси сите сомнителни случаи, потврди за „Фокус“, директорот на болницата, доктор Кристијан Костов.

Сепак, тој тврди дека повеќето од медицинскиот персонал не се заразил внатре во болницата.

„Процентот дека се заразени надвор од болницата е многу висок. Три месеци немавме ниту еден заразен и сега наеднаш 10. Сите се добро опремени, а сега имаат уште подобра заштитна опрема. Слободно можам да потврдам дека повеќето се заразиле надвор од работното место – вели доктор Костов.

Раководителката на Инфективното одделение во Градската болница се обрати до сите оние граѓани кои не ги почитуваат мерките.

„Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами“, вели инфектологот Каламарас

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1