Десетгодишно дете успеа да го хакира Instagram – и да заработи 10.000 долари


Десетгодишниот Јани од Финска, успеа да го хакира Instagram и да покаже дека тоа и не е толку тешко и дека секој којшто се разбира барем малку во кодови и сервери може да ги избрише коментарите коишто ги оставаат корисниците.

Ова 10-годишно момче тукушто стана најмладата личност на светот којашто добила пари од Facebook бидејќи хакирала токму нивен производ.pari

– Би можел да избришам било кој од оваа друштвена мрежа, дури и Џастин Бибер, изјавил Јани за локалните медиуми.

Претходниот рекорд го постави едно 13-годишно момче во 2013-та година, што значи дека Јани тукушто стана првата личност којашто хакирала Facebook производ, а којa технички не би смеелa да го употребува бидејќи Instagram е забранет за помлади од 13 години.

Од Facebook ја потврдија информацијата дека Јани успеал да пронајде начин да го измени кодот на Instagram серверите и да ги брише постовите на корисниците. А токму ова сознание на младиот Јани му донесе награда од 10.000 долари.

Инаку, уште од кога е лансиран Instagram, пред 5 години, Facebook тврди дека примиле повеќе од 2.400 валидни забелешки коишто биле наградени со 4.3 милиони долари за повеќе од 800 истражувачи.

Просечната исплата во текот на изминатата година изнесувала само 1.780 долари, така што исплатата за Јани може единствено само да укаже на тоа колку сериозна била забелешката којашто им ја укажал тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1