Десетина повредени на отворањето на аква паркот во Скопје


Билансот од првиот ден од работењето на Аква-паркот е момче со исечена тетива на ногата и уште десетина други лица со помали повреди.

akva 99Според 24 вести, едно момче завршило со исечена тетива на ногата, а десеттина други со помали повреди. Надлежните ова го оправдале со невниманието на посетителите, а според директорот на Аква – паркот, местото е атрактивно и очекуваат голема посетеност. Како што велат надлежните, причина за повредите е невниманието кај посетителите на Аква-паркот.

Во новата летна атракција во Скопје ќе работат 35 спасители. Покрај 34 лиценцирани спасувачи кои завршија обука, еден ќе биде преземен од Матка. Аква паркот ќе овозможи и 40 нови работни места, за лица кои ќе бидат ангажирани во угостителските објекти, три кафе-барови и еден ресторан. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1