Пеколни горештини од денес – и до 40 степени


Секојдневно температурите ќе бидат се повисоки. Се предвидува дека во недела температурата ќе достигне максимални 40 степени.

hot weatherУправата за хидрометеоролошки работи најавува дека од вторник следува период на сончево и топло време со пораст на дневната температура.

Особено топло време се очекува за време на викендот кога температурата на воздухот во југоисточните делови ќе достигне до 40  степени Целзиусови.

Утре се очекуваат температури до 35 степени во јужните делови од земјава, додека во високите планински региони ќе биде за десетина степени посвежо.

Во Скопје исто така ќе преовладува особено топло време со температура до 32 степени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1