Десетина припадници на македонската Армија се од вчера во самоизолација


Десетина припадници на македонската Армија се од вчера во самоизолација. Тие биле логистика на МВР во Охрид, каде што е затворено одморалиште на полицијата откако се дијагностицирани седум позитивни случаи на Kовид-19 кај припадници на Единицата за брзо распоредување на МВР.

Потврдено е од страна на Генералштабот на Армијата дека станува збор за војници кои, поради прогласената вонредна состојба, биле испратени на помош на полицијата.

Повеќето припадници на Армијата допрва ќе бидат тестирани откако вчера биле завршени епидемиолошките анкети.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1