Дестабилизација на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Во среда времето ќе биде претпладне сончево со умерена облачност, додека во пладневните и попладневните часови на повеќе места во земајта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме и појава на град.ulica dozd 3 mk

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика и благо опаѓање на температурата. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Во некои региони процесите локално би можеле да бидат интензивни. Овие интензивни процеси, сепак, ќе бидат од локален карактер, а услови за нестабилност ќе има во поголем дел од земјата.

Утринските температури се движат до 13 Целзиусови степени на северот, до 21 степен на крајниот југ. Максималните дневни темепратури ќе се движат во итнервалот меѓу 25 и 34 степени.

Во Скопје и околината се очекува сончево време со умерена облачност и нестабилност, а температурата ќе достигне до 31 Целзиусов степен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1