Дестани: Можни инциденти на југот на Србија


Не очекувам ескалација на насилствата, но можно е прелевање на инцидентите на територија на југот на Србија, изјавил претседателот на општина Прешево, Скендер Дестани, коментирајќи го терористичкиот напад во Куманово за време на викендот, во кој животите ги загубија осум полицајци и 14 напаѓачи, пренесуваат српските медиуми.granica tabanovce mk

„Премиерот Вучиќ во Србија нема проблем со антидржавната опозиција, што според мене е проблем во Македонија и за Никола Груевски“, оценил Дестани во интервју за „Данас“.

Според него, само некој со лоши намери по соживотот меѓу Албанците, Србите и Ромите може намерно да предизвика инцидент, но дека тоа сигурно не го посакува никој од Белград. Дестани додал дека не е во контакт со никој од албанските политичари во Косово, Македонија и Тирана, уште од избивањето на кризата.

„Сите молчат. Нема глас нити од Али Ахмети во Скопје, нити од Хашим Тачи во Приштина, а молчат и политичарите од Тирана. Не го разбирам тој молк, бидејќи во прашање е опасност која му се заканува на целиот регион, па и на општините на југот на Србија, кои се блиску до Македонија и Косово“, додал Дестани.

Во моментов во Прешево има околу триста Албанци од Куманово кои се сместени кај своите роднини и пријатели.

„Од саботата во Прешево сме под извесна тензија и страв, а кога го велам ова, поеднакво мислам на Албанците, Србите и Ромите кои овде живеат“, рекол Дестани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1