Групата со правење дупки во ѕидови се префрлувала од еден во друг двор (Видео)


Тоа што се забележува во собите од било кој дом погоден од оган се дупки во ѕидовите за кои првично мислевме дека се направени од гранатирање, но во подоцнежна консултација со експерти, ни беше посочено дека дупките  кои членовите ги правеле се направени во обид да се префрлуваат од еден двор во друг, пишува Кумановскимуабети.мк.kumanovo dupka

Како што може да се види на снимките, малите дупки на ѕидовите се користени за снајперски оган, а по остатоците од крвави маици, се гледа дека членовите на групата, погодени од оган, се обидувале да го сопрат крварењето.

Во видеото објавено од МВР доцна попладне, се гледа дека групата користела золји, рачни бомби и пушко – митралези, како и молотови коктели со кои најверојатно го предизвикале огнот во неколкуте семејни објекти.oruzje puski kumanovo

Делови од куќите се уништени од разорната моќ на полициските оклопни возила БТР и борбеното наоружување во обид да се дојде до групата заради чистење на теренот куќа по куќа.

Со оглед дека денес беше објавено дека еден член од групите бил обучен за мини, не беше исклучена можноста, делови од куќите да биле минирани од вооружените групи, како би се предизвикале човечки жртви на самиот влез во објектот.

На лице место беа затекнати тимови на ЕВН кои се обидуваа да приклучат струја во оштетените домови во кои уште долго нема да се врати животот, велат сопствениците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1