Детали: Бебето дехидрирано лежи на Клиника, по мајката се трага


Дехидрирано, но без знаци на повреда било бебето кое вчера било донесено на Клиниката за детски болести во Скопје, а во придружба на полиција и со екипа на Итна медицинска помош.

По мајката на бебето, која, неофицијално, се породила дома, сѐ уште се трага, а новороденчето лежи само на Клиника.

– Во 11.40 часот вчера на Клиниката за детски болести е примено новороденче, во придружба на полиција. По приемот и проценката на виталните функции на одделот за интензивна нега, новороденчето со стабилни параметри е префрлено на одделот за неонатологија. При приемот бебето било дехидрирано, но без знаци траума. Тоа е со стабилни параметри и почнало да се храни. Контактирани се социјалните служби – изјавија од Клиниката за детски болести и фебрилни состојби за Плусинфо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1