ДЕТАЛИ: Екс-шеф на македонското воено разузнавање пронајден мртов


Четириесет и четири годишниот Г.С. исчезнал во текот на вчерашниот ден. Поранешниот воен разузнавач Г.С. утринава е најден мртов во близина на селото Раштана на пет километри од Кичево.

Неговиот братучед З.К. случајот го пријавил во полицијата истакнувајќи дека Г.С. се упатил над село Раштани на спортски лов и не се вратил.

Утринава телото го пронашле ловџии.sofe3

Нема траги на насилство ниту прострелни рани врз телото на екс-шефот на военото разузнавање Горан Софески, дознава Press24 од полициски извори кои се дел од увидот на терен.

Според првичните и се уште неофицијални информации, Софески рано утрово бил пронајден мртов во атарот на кичевското село Раштани каде се упатил на лов. Телото го пронашле случајни минувачи. Местото се наоѓало на 5 километри од градот Кичево.

Полицијата официјално соопштува дека вчера лицето Г.С. (44) било пријавено како исчезнато во полициската станица во Кичево од негови роднини. Ја потврдуваат и инфромацијата дека едно лице е пронајдено мртво во атарот на селото Раштани

-Неофицијални информации велат дека Софески имал проблеми со срцето, па најверојатно смртта настапила поради проблеми со овој орган. Сепак овие информации немаат официјална потврда бидејќи на терен е јавен обвинител кој врши увид. По комплетирањето на увидот и официјално ќе биде познато што е причината за смртта на Софески, пишува Пресс 24.

Полициски извори за Press24 велат дека е неточна информацијата која ја објавија медиумите под контрола на опозицијата дека на терен биле излезени специјалните полициски екипи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1