ДЕТАЛИ – Носител на листа и шеф на штаб повредени во престрелка во Кичево


Алит Абази, носителот на независна советничка листа се опоравува на скопските клиуники, исто како и Дестан Абдиу, шефот на изборниот штаб.

Двајцата синоќа беа мета на оружен напад на бнулеварот во Кичево. Во бел ден напаѓачот од загрб го извадил пиштолот и стрелал кон Абази и Абдиу, повредувајки и случаен минувач.

Полицијата кратко по нападот го привела оисомничениот кој денеска заработи две кривични пријави и мерка притвор. Дали случајот е поврзан со изборната кампања засега нема одговор од истражните органи.

Во Кичево денеска е мирно и граѓаните ги извршуваат секојдневните активности. Сведоците за Дојче Веле велат дека напаѓачот извадил пиштол среде улица, го вперил и почнал да пука.

– „Се слушнаа истрели, некои свикаа за помош, додека дотрчав, во такси возило внесуваа лице кое изгледаше повредено. Лоши работи. И полошо можело да биде. Наоколу минувачи, возила… Во тоа време и деца од школо се враќаат…“, вели сведок за Дојче Веле.

Според жителите, полицијата реагирала брзо, бидејќи пукањето се случило на 100 метри од полициска станица.

Засега не се познати мотивите на напаѓачот, но според првичните сознанија тие најверојатно не биле поврзани со изборната активност на носителот на независната кандидатска листа, туку со претходни нерасчистени меѓусебни недоразбирања, за кои наводно била започната и судска постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1