Моторциклист загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи на крстосницата од бул. АВНОЈ и бул. „Србија“, во која учествувало и возило марка „Мицубиши“ со скопски регистарски таблици“.
Како што изјавија од МВР, сообраќајката се случила утрово околу 7 часот. Моторциклистот загинал на самото место
Во тек е увид на полицијата и на jавен обвинител. Поради сообраќајката сообраќајот се пренасочува.
Полицијата го утврди идентитетот на мотоциклистот кој загина утринава во сообраќајна несреќа во Аеродром.
Станува збор за 41 годишниот скопјанец Д.П.