Детали за драмата во автобус на ЈСП


Околу 13 часот и 40 минути во Скопје на улица „11-ти Октомври“ автобус на ЈСП број 16 кој се движел во правец кон „Зелен пазар“, во еден момент, бил попречен од патничко моторно возило „Порше“ со гостиварски регистарски ознаки, од кое излегле две машки лица, од кои едното со пиштол, и се обиделе насилно да влезат во автобусот.

По пријавување на настанот, полициски екипи се упатиле на терен при што го забележале возилото од кое возачот го фрлил пиштолот. По кратко време приведено е едно лице, 38-годишниот С.З. од село Морани, кое при приведувањето физички ги нападнало полициските службеници.

Пронајден е и пиштолот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1