Младата актерка пред да биде ранета со пиштол, хирургот ја бркал со нож, бидејќи се сомневал дека го изневерува, а кога слушнал дека вика полиција, го земал пиштолот и се обидел да ја убие.
Мајката на поранешната сопруга на Срѓан, која воедно била и негова сосетка, кратко ја прокоментирала неговата смрт.
-За смртта на Срѓан дознав од вести, иако ја видов и полицијата и младата жена. Тогаш помислив дека ја нападнал некој психички болн човек. Слушнав дека се самоубил. Можам да кажам само дека ми е жал за моите внуци, а тој како што правел така и му се вратило. Срѓан најмногу се сакаше себеси и тоа е сѐ што ќе кажам, раскажала жената.
Неговите соседи велат дека тој бил син единец на угледен хирург и мајка докторка на интерна медицина и дека наследил богатство и стан.
За него велат дека често бил во друштво на убави жени и возел скапи автомобили.