Детали за ликвидацијата во скопската населба Даме Груев, еден приведен


Скопјанецот Д.Н. (38) е пронајден вчера во 21.30 часот како лежи без знаци на живот на ул.“Шарпланинска“ во населба Даме Груев во Скопје.

Според информации од МВР до лицето имало возило “Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65).

Полициски службеници и јавен обвинител синоќа излегле на местото на настанот и преземени се соодветни мерки и активности.
Утврдено е дека убиениот е Д.Н. (38) од Скопје, а делото е извршено со огнено оружје. Телото е предадено на обдукција.

За случајот едно лице е приведено во полициска станица. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1