Рускиот патнички авион кој се урна на Синајскиот Полуостров е целосно уништен, изјави денеска претставник на египетските безбедносни служби од местото на несреќата. Египетската Влада соопшти дека воени авиони ги открија остатоците од авионот во планински регион.
Египетските безбедносни служби истакнаа дека нема индиции дека авионот е соборен.
Скај њуз Арабија јави дека авионот се срушил кај Ел Ариш, на северот од Синајскиот полусотров, а израелските медиуми нaведоа дека авионот, пред исчезнувањето од радарот, воспоставил контакт со турската контрола на летање.
Во акцијата за потрага по срушениот авион учествува и египетската војска, наведуваат медумите.
На Синајскиот полуостров е упориштето на на екстремиситчката група која прогласи лојалност кон Исламската држава, а која држи голем дел од територијата во Ирак и Сирија.
Меѓу 224 лица кои биле во авионот, кој летал од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, имало 17 деца, 200 возрасни патници и седум членови на екипажот.
Руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименунвани извори од меѓународниот аеродром во Каиро објави дека пилотот пред авионот Боинг А320 да исчезне од радарите побарал принудно да слета на најблизок аеродром.
Авионот бил на височина од над 9.000 метри кога пилотот известил за проблеми со радиостаницата и побарал принудно слетување. Потоа врската со авионот на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“ е изгубена.
Семејствата на патниците чекаат на аеродромите во Русија информација за загинатите.
-Постои уште еден дел од авионот со патници и спасувачките екипи се обидуваат да влезат со надеж дека ќе пронајдат преживеани, со оглед дека се слушаат болни извици на луѓе, наведе претставник на властите во Синаи.
Според последните информации, пронајдени се пет деца кои погинале во несреќата.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази најдлабоко сочувство до семејствата на погинатите во патничкиот авион, пренесоа руските агенции. Тој наредил веднаш да им биде обезбедена помош на семејствата на погинатите.
Руското министерство подготви три авиони за спасување, како и мобилна работна група за помош при несреќи и катастрофи.
Египетскиот врховен обвинител генералот Набил Садек нареди истрага во врска со падот рускиот авион. Формиран е тим на обвинители со цел да одат на местото на несреќата и да ги истражат деловите на авионот.
Руската амбасада на Кипар, ги проверува околностите под кои се случи несреќата.
По одложувањето на потрагата, поради лошите временски услови, египетските спасувачки тимови го лоцираа местото на падот на авионот во областа Хашан, 35 километри јужно од градот Ал Ариша, на медитеранскиот брег на Синаи.
Одредени медиуми шпекулираат дека авионот нагло ја променил брзината на спуштање во последните 20 секунди пред да исчезне од радарот. Официјални информации се уште нема.