Двајца починаа на Инфективна клиника, еден на 50, а друг на 24-годишна возраст од Гостиварско, потврдија денеска од Клиниката. Починатите биле во крвно сродство.. Татко и син.. Во изолација се болните и тие што биле во контакт со нив, а болеста сѐ уште се утврдува.Четворицата болни се во стабилна состојба и се лекуваат според клиничките знаци.
Д-р Звонко Миленковиќ, претседател на комисијата за заразни болести, вели дека се сомневаат на цела низа болести. Неофицијално сомнежите наведуваат дека станува збор за хеморагична треска или за туларемија.
Се претпоставува дека болеста се шири преку вектори, како инсекти и глувци, кои го заразуваат добитокот, а потоа преку изметот се заразуваат и луѓе.
– Донесени се со висока температура и пролив. Инфекцијата ги зафатила црниот дроб, бубрезите и други органи. Лекарите уште не утврдиле од што се пренесува, но велат нема простор за паника. Се пренесува од животни на луѓе, низок степен на опасност од пренесување од човек на човек – рекоа од Инфективна клиника денеска на прес конференција.
Хоспитализирани се уште четири лица кои се изолирани и се надгледуваат, карантин во Инфективна нема.
Eден од пациентите починал утрово, а другиот пред три-четири дена. Лекарите не сакаа да шпекулираат за каква болест станува збор додека не бидат сигурни. Од Министерството за здравство информираат дека на терен се и епидемиолозите.
На Клинката за инфективни болести не е прогласен карантин, туку се изолирани во посебни простории.
Се вршат анализи за да се утврди за кое заболување станува збор.