Детали за пожарот кој избувна во зграда кај Универзална


Пожар избувна утринава во стан позади Универзална сала, на улицата „Христо Смирненски“.

Според МВР, станот кој се запали се наоѓа на поткровје на зградата, а пожарот избил во кујната, дознава Фокус.

Противпожарните екипи интервенираа навреме и спречија пожарот да се прошири во другите станови.

Од Противпожарната единица Скопје велат дека причина за пожарот е најверојатно електричната инсталација.

Од таму додаваат дека станарите биле евакуирани и дека нема повредени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1