Пожар избувна во подрумските простории зграда во повеќекатница на ул. Владимир Комаров во Аеродром.
На местото веќе се наоѓаат шест противвпожарни возила, а полицијата го блокира пристапот на улицата и запрен е сообраќајот.
Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во подрумските простории од каде што излегува чад.
Граѓаните од зградата и од соседните згради се излезени надвор.
Од полицијата соопштуваат дека пожарот бил пријавен околу 14.10 минути и оти се уште не се знаат причините за пожарот.