Младо момче е рането и пренесено во болница во вчерашниот вооружен инцидент во Гази Баба, а полицијата денеска излезе со детали.
МВР денеска информира дека во 15 часот и 45 минути во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен 27-годишниот А.Б. од Скопје откако околу 15.30 часот на улицата „Бајрам Шабани“ во настанот учествувале неколку лица, а со повреди се здобло младото момче.
Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 28-годишниот Љ.В. од Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје.
Се работи на расчистување на случајот.