Програма за „Бела ноќ„


Годинешната јубилејна 15. „Бела ноќ“ во Скопје ќе има богата програма, концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д-видеомапинг и друго.

Според програмата на вкупно 15 локации истовремено, уметници, музичари и сите што се дел од „Бела ноќ“, на присутните ќе им понудат разновидна културно-уметничка содржина.

Како дел од годинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“, кој ќе почне во 20 часот.

Многу други изложби, настани, претстави, концертни настапи во живо, ќе се одржат низ Скопје – КИЦ, Театар „Комедија“, Музејот на македонската борба, Галерија 8 во Старата чаршија, во паркот „Ибни Пајко“, „Мала станица“, градското кино „Милениум“, како и во Музејот на современата уметност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1