Вистинска семејна трагедија се случи во саботата претпладне во Тетово. Според првичните и засега сеуште не официјални информации, таткото А.Е., познат тетовски доктор во пензија, прво го обесил својот син В.Е., а потоа и самиот, со бесење, си го одзел животот.
Настанот се случил околу 11 часот во нивната семејна куќа која се наоѓа во близина на крстосницата на улиците “Видое Смилевски Бато“ и “Предраг Јначески“. Телата ги пронашна сопругата и мајка на починатите. Веднаш на местото на настанот дошле истражни екипи на полицијата и Јавното обвинителство и извршиле увид. По налог на обвинителството телата на починатите биле дадени на Оделот за судска медицина при тетовската Клиничка болница каде уште во текот на денот била извршена обдукција. Попладнето и двајцата биле погребани на муслиманските гробишта во Тетово
Од полицијата и од Јавното обвинителство засега не соопштиваат ништо за тоа како се случило сето ова и кои биле причините.
А за причините за оваа семејна трагедија засега има само нагаѓања. Доктор бил вработен во Здравствениот дом во Тетово. Еден период имал приватна амбуланта каде работел како матичен лекар, но набрзо повторно се вратил во Јавното здравство во Одделот за детска превенција и вакцинација. Важел за совесен и добар лекар, но последните неколку години, имал нарушување на менталното здравје.
Неговиот син, 27 годишниот В.Е., на кого му го одзел животот, уште од детството бил со нарушено ментално здравје.