Помина еден месец од трагедијата во која настрада 21-годишната босанска пејачка Амила Хасановиќ. Таткото на оваа девојка, поранешна учесничка во музичкото шоу „Ѕвезда можеш да бидеш ти“ трага по причините кои ја однеле неговата ќерка во смрт.
Според неофицијлани инфомрации, Амила извршила самоубиство поради кавга со момчето околу една фотографија.
– Го молеше заедно да го најдат човекот која ја подметнал спорната фотографија. Таа се колнеше во живот дека фотографијата е лажна и дека некој сакал да ги раздели. Вознемирена си замина од својот дом и наместо да ја дочекам со насмевката на лицето која секогаш ја красеше, добиме бескрајна болка и живот со половина срце. Другиот дел почива заедно со нашето дете – изјавил Алија Хасановиќ за босанските медиуми.
Мистеријата околу смртта на Амила полека се разоткрива. Спорната фотографија, подметната преку социјалните мрежи, наводно била клуч за трагедијата која довела до згаснување на младиот живот , пишува локалниот портал „Випромо“.
– Не требаше многу од големиот број лаги и кои се изнесени од нашата куча во весниците, да се склопи вистина која е вредна за еден човечки спокој. Нашето дете кое беше воспитано и со морални вредности не го издржа притисокот поради подметнатата лажна фотографија. Молеше за помош но очигледне молеше погрешна личност. Тужителството и полициските органи имаат низа несоборливи докази, но тоа очигледно не им е доволно да го приведат кон крај овој случај – појаснува таткото на Амила, разочаран од тоа како се води истрагата за смртта на неговата ќерка.
Амила пред месец дена управувајќи со автомобилот „Поло“ слетала во надојдената река Босна. Во автомобилот била сама, а мештаните од населбата Сеоча каде што се случила трагедијата, тврдат дека не можеле да и помогнат, поради надојдената река.