Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 7:30 часот се случила на магистралниот пат Прилеп-Градско.
Според информациите од полицијата, сообраќајката се случила кај Дреново кога товарно возило „Форд Тразнит“ сопственост на прилепска компанија излетало од коловозот поради неприлагодена брзина кон условите на патот, односно влажен коловоз.
Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајца сопатници, Ц.П. (63) и Т.С. (60) кој по укажаната лекарска помош е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Возачот Ж.Р. минал без повреди.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.