Детали за сообраќајката во која полесно повредени беа војници – откажале кочниците на едното возило


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и од воената полиција, изврши увид на лице место на сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Велес, во која учествуваа три возила на Армијата на Република Македонија.lenta policija 43-Според првичните сознанија, несреќата се случила кај наплатната рампа кај езерото „Младост“, кога на едно од возилата во колоната – оклопен транспортер му откажале кочниците. Тоа удрило во возилото пред него, исто така оклопен транспортер кое во моментот било застанато. Од ударот второто возило се придвижило и удрило во трето моторно возило -дефендер. Во верижниот судар еден офицер и четворица војници на АРМ се здобиле со лесни телесни повреди, кои им биле санирани болницата во Велес, по што тие дале исказ пред јавниот обвинител, информираат од обвинителството.

Во инцидентот причинета е незначителна материјална штета.

Дежурниот јавен обвинител издаде Наредба за вонреден технички преглед на моторните возила кои учествувале во несреќата, со специјални насоки да се проверат уредите за управување и сопирање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1