Детали за сообраќајната несреќа кај Битола: Возачот излетал од пат и загинал


Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случи денеска околу 13.30 часот на влезот во Битола од страната на Ресен, во непосредна близина на битолското село Братиндол.policija-345

Според СВР Битола, В.С. изгубил контрола над своето возило марка „КИА-Спортаж“, се забил во заштитната ограда на регионалниот пат Ресен – Битола и излетал на стариот пат Ресен – Битола.

Од здобиените повреди починал на самото место, а неговиот сопатник е лесно повреден.

Истрагата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1