Детали за тешката сообраќајка кај Радовиш, во верижен судар на пет возила, тешко повредени 2 лица


Вчера во 18,50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш се случила сообраќајна незгода во која учествувале пет возила.

Патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Г.(48) од Скопје, товарно моторно возило “Ивеко“ со струмички ознаки, сопственост на ДООЕЛ „Жикол“ од Струмица управувано од В.В.(54) од село Сушево, струмичко во кое како сопатници биле пет лица, потоа патничко возило “Форд Фокус“ со гевгелиски ознаки управувано од Н.М.(23) од Богданци во кое имало еден сопатник, патничко возило „Фиат Пунто“со гевгелиски ознаки управувано од В.Ј.(53) од село Фурка, дојранско во кое имало еден сопатник и возило „Пежо“ со струмички ознаки управувано од М.М.(32) од Струмица.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „БМВ“ Т.Г., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Струмица каде бил задржан на понатамошно лекување.

Исто така, во незгодата, со телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото „Форд Фокус“ Е.П.(21) од Богданци. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1