Седум лица од кои едно потешко се повредени во верижниот судир кој вчера околу 9:30 часот се случил на автопатот Велес-Скопје на 400 метри пред наплатната рампа Отовица.
Во несреќата учествувале пет автомобили: „Мазда“ управувана од прилепчанецот Р.Р. (63), „Опел“ сопственост на правно лице управуван од М.Н. (52) од Кавадарци, „Волво“ управувано од 53 годишниот кавадарчанец Т.Р., „Мерцедес“ кој го возел Р.Т. (22) од Кавадарци и „Голф“ управуван од К.Н. (37) од Прилеп.
Во несреќата со повреди се здобиле седум лица, од кои возачот на „Маздата“ Р.Р. заработи тешки повреди. Повредените се пренесени во велешката болница, а полицијата на местото на несреќата извршила увид.