Страшна сообраќајка кај Фонтана: Повредени двајца пешаци и возач


Три лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која синоќа околу 1:30 часот по полноќ се случила на крстосницата со булеварот Илинден и улицата „Наум Наумовски Борче“, информираат од полицијата.nebotopark

Во несреќата учествувале автомобили „Хјундаи Латра“ управувана од 73 годишниот скопјанец Д.М., „Диахатсу Куор“ кој го управувала скопјанката И.К. (28) и две момчиња Г.М. (27) и З.Ѓ. (29) двајцата со Свети Николе.

Двете момчиња, пешаци, со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентиот центар каде кај Г.М. се констатирани тешки повреди, додека кај З.Ѓ. полесни но двајцата се задржани на лекување на Клиниката за Трауматологија.

Во ГОБ „8 Септември“ биала пренесена 28 годишната И.К. кај која лекарите констатирале полесни повреди и по укажната помош е пуштена на домашно лекување.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1