Девојката која беше фрлена мртва пред Ургентниот центар во Белград, 23-годишната Александра Антиќ, била убиена по грешка.
Александра не била метата, туку мета била нејзината другарка Елизабета Б (21), пренесува српски Курир.
Двете девојки се забавувале во саботата во кафеана со 33- годишниот О.З. и В.Р.(33), кои биле на викенд одсуство од затвор. Во истиот локал биле и тројцата осомничени за убиството на Александра. Кога тргнале девојките да си одат дома, се случил грозоморниот настан, но мета на тројцата осомничени кои се во притвор била најверојатно нејзината другарка.
– Со шишиња го нападнале возилото во кое се качиле Александра и Елизабета, но втората девојка успеала да побегне и да се спаси. Александра откако била тепана, успеала да избега, но потоа била прегазена со возилото и усмртена. Сепак, не е утврдена точната причина за смртта, вели извор.
Тројцата осомничени, Драган Д. (22), Миодраг Р. (23) и Александар Ш. (22), вчера негирале дека го извршиле делото кое ја потресе цела српска јавност.