Детали за трагедијата: Најмалото дете кое изгоре во Тетово имало 4 години


Пет лица, мајка и четири малолетни деца, најверојатно се жртви на големиот пожар што утрово околу 3 часот и 30 минути ја зафатил куќата на семејството Зулбеари на ул. „Гоце Делчев“ бр. 185 во Тетово, според изјави на соседите и членови на семејството.

Според нивните кажувања, жртвите се Фатиме Зулбеари (39), а децата се на возраст од четири до 13 години, три машки и едно женско. Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот.

Во моментот се врши увид на лице место од страна на јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа на СВР – Тетово.

Командирот на тетовската Територијална противпожарна единица Ука Алити информираше дека пријавата за пожарот кај нив пристигнала во 4 часот и 15 минути од страна на лице по што на самото место интервенирале четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

– Во моментот кога дојдовме три куќи беа зафатени од пламените јазици, од кои на средната покривната конструкција беше целосно изгорена. Бидејќи куќите се една до друга и од постар датум, имаше опасност пожарот да ги зафати и другите куќи, меѓутоа со максимално залагање спречивме проширување на огинот на соседните објекти.

Пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола, меѓутоа во средната куќа најверојатно има жртви и тоа ќе биде работа на увидните екипи.

Засега не се знае ниту точната причина од што избувнал пожарот, рече Алити.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1