Детали за убиството кај Мавровка: Мислеле дека носи злато, МВР приведе двајца


На паркингот пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје се случи убиство при што едно лице беше застрелано и почина на лице место. Според првичните информации, жртвата била нападната со огнено оружје од страна на непознати сторители, кој веднаш по пукањето побегнале од местото на настанот. Убиството се случи околу 10 часот на паркингот кај Мавровка. На терен се полициски службеници кои го обезбедуваат просторот.

 Полицијата веднаш започна потрага, користејќи хеликоптер и блокирајќи ги излезите од Скопје, вклучувајќи ги патиштата преку Сарај, Нерези и Гази Баба, во обид да го пронајде сторителот.

Иако првично според некои неофицијални извори, се велеше дека застрелан е познат адвокат, според последните информации тоа не е точно. Убиениот бил сопственик на дуќан во Бисер. Пукањето се случило пред очите на неговото семејство, кое било во непосредна близина на местото на настанот.

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека жртвата починала на лице место од сериозните повреди нанесени со огнено оружје. При потрагата полицијата ги блокираше сите излези од Скопје и распоредуваше патроли низ градот.

„Денеска (20.08.2024) во СВР Скопје било пријавено кривично дело убиство на паркинг простор пред трговски центар ‘Мавровка’ во Скопје, при што со огнено оружје е застрелано едно лице и починало на местото.
Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно-тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови.“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека приведени се две лица за убиството на паркинг кај Трговскиот центар Мавровка.  Како што соопшти полицијата, сторителите во бегство пукале кон полициски службеници.

-Од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од градското подрачје, преглед на повеќе домови и преглед на повеќе возила, во кои се вклучени специјални полициски сили, хеликоптери и дронови. Имено, на подрачјето на општина Чаир, забележено е патничко возило, кое се обидело да побегне, при што лицата од возилото пружиле отпор со употреба на огнено оружје. Полициските службеници возвратиле, по што едно лице е лишено од слобода. При преземањето понатамошни мерки, од слобода било лишено уште едно лице, а на полицијата е познат и идентитетот на третото осомничено лице кое е во бегство и за кое се преземаат мерки за негово пронаоѓање. Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот што следува во некои делови од град Скопје ќе има зголемено полициско присуство со цел целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

ТВ21 објави фотографија на која се гледа автомобилот од кој е пукано кај Мавровка а убиено е едно лице. Автомобилот е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.

Според првични информации, застреланиот човек кај ТЦ Мавровка е со иницијали В.Е.

Во исчекување на официјалниот полициски извештај, очевидци велат дека напаѓачите пукале во жртвата, дека од неговиот автомобил одзеле предмети, меѓу кои и лаптоп-компјутер, а потоа побегнале.

Според информациите на „360 степени“, најверојатно станува збор за тројца напаѓачи. Двајца се веќе уапсени.

Инцидентот предизвика големо внимание поради тоа што ова е второ пукање во Скопје за помалку од 24 часа. Вчера вечер, во населбата Сингелиќ се случи уште едно пукање, при што едно лице беше повредено и однесено во градската болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1