Детали за ужасот во Србија: Девојката ја избодел со нож 7 пати, па се обесил


Во напуштена куќа во близина на Краљњво, Србија, утринава е пронајден обесен 26- годишниот Алксандар, а покрај него на подот лежела 22- годишната Анџела која имала убодни рани низ телото.

Најверојатно се работи за обид за убиство и самоубиство.

Глетката беше страшна, момчето беше обесено, видовме дека е мртов, а несреќната девојка даваше знаци на живот иако беше избодена со нож, рекол еден од селаните.

Таа во тешка здравствена состојба била префрлена во болница.

-Девојката има седум убодни рани, од кои 4 се во градниот кош, две во вратот и една во пределот на стоакот. Моментално е стабилна, но со оглед дека се работи за тешки повреди прогнози не може да имаме- рекол докторот кој ја примил девоката.

Куќата во која се одиграло се е на дедо на Алесандар, а полицијата врши увид за да се утврдат околностите поради кој е извршено делото.

-Во овој крај немало вакво нешто. Се зборува дека се работи за суицидно семејство.Дедото на Александар се самоубил со пушка, татко му се обеси горе во планина, а сега слична судбина го стаса и него, тажно„- рекол жител на селото.

Вработените пак од млекарата во блзина велат дека тој бил добро момче, често доаѓал и носел дрва од шумата, а куќата била запиштена бидејќи никој не живеел во неа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1