Детали за здравствената состојба на Зоран Маџиров


Познатиот музичар Зоран Маџиров вчера доживеа сообраќајна несреќа во која е тешко повреден.zoran1

Според информациите кои денес ги соопшти полицијата, Маџиров како итен случај од струмичката болница бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје на клиниката за Неврохирургија поради коматозна состојба со крварење во черепна регија и повеќе рани во главата.

Несреќата се случи околу 16:10 часот на магистралниот пат А-4 Штип – Радовиш во насока на движење кон Радовиш, кога при разминување на Влекач „Даф“ со кумановски регистарски ознаки и приклучно полуприколка „Шмитз“ управувано од Н.А.(39) од Куманово и „Мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од Маџиров дошло до судир.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид, а сообраќајот бил во прекин до 20:50 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1