Маџиров се бори за живот во Скопје – Пожарникарите морале да го сечат возилото за да го извадат


Светски познатиот музичар Зоран Маџиров доживеа тешка сообраќајна незгода. Маџиров во коматозна состојба е префрлен во ургентен центар, карил во Скопје, каде лекарите се борат за неговиот живот, потврдија болнички извори за ТВ НОВА.

Тој се здобил со тешки телесни повреди на главата и карлицата.madzirov

Изворите за ТВ НОВА велат дека во текот на ноќта не се предвидени медицински интервенции. Во моментов Маџиров се наоѓа во шок соба на апарати за дишење.

Несреќата се случи околу 16:10 часот на магистралниот пат А-4 Штип – Радовиш во насока на движење кон Радовиш, кога при разминување на Влекач „Даф“ со кумановски регистарски ознаки и приклучно полуприколка „Шмитз“ управувано од Н.А.(39) од Куманово и „Мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од Маџиров дошло до судир. по несреќата пожарникарите морале да го сечат возилото за да го извадат повредниот струмичанец, кој е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Маџиров во јавноста е познат како човекот кој свири на шишиња.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1