13-гоишниот Ноа Броклбенк, неодамна на Инстаграм објавил фотографија од повреда која самиот си ја нанел, а потоа напишал дека планира да изврши самоубиство.
Причина за таквиот потег бил фактот што го малтретирале во училиште. Според зборовите на Ноа, во училиште бил нарекуван “дебел”, “грд”, “здодевен”, па тоа, заедно со депресијата од која пати, го натерало да крене рака на себе.
Кога неговата запрепастена мајка ги видела фотографиите од исечените раце на детето, брзо реагирала и го сместила во болница.
Во меѓувреме ја раширила приказната, се јавила на некои деца од училиштето на нејзиниот син, за да му се јават или пишат. “Бев очајна. Тоа беше молба за живот”, вели мајката на детето.
Направен бил и фејс профил ,, писмата до НОА,, и набрзо на адресата на Ноа пристигнале преку 2.000 писма од сите страни на светот во кои непознати, но и блиски луѓе му пружиле поддршка и му дале охрабрување.
Детето се откажало од таквите намери, и вели дека повторно има верба во луѓето.