Петнаесет годишно момче од Челопек се здобило со повреди по главата и телото откако утринава било искасано од куче шарпланинец на неговиот сосед Љ.М. (37), информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
– Момечето било однесено во тетовската клиничка болница утрово околу 7 часот каде по укажаната помош било задржано за лекување. Веднаш по добиената пријава полициски екипи извршиле увид во Челопек и според првичните информации големиот шарпланинец наводно излегол од боксот, каде бил чуван и преминал во соседниот двор каде го нападнал момчето, го соборил на земја и почнал да го каса по глават и телото. Тоа го забележал неговиот чичко го успеал да го отргне момечето од кучето и потоа го однел во тетовската болница, изјави Јосифовски.
Полицијата, додаде тој, писмено го предупредиле сопственикот на шарпланинецот што го нападнал момчети и по утврдувањето на видот и карактерот на повредите ќе следува и соодветен поднесок.
Јосифовски го повтори апелот до сосптвениците на домашни меленици да се придржуваат до прписите што предвидуваат дека кучињата треба да бидат врзани со ремен и да имаат заштитна маска на устата.