Страшна е болеста на малиот Пан Ксијанг од Кина.
Тој има само 8 години и неподносливи болки и чешање по целото тело поради неговата кожа која се лупи.
Болеста се вика ихтиоза и можно е да е последица од користењето на хемиски оружја за време на војната во Виетнам!
Соседите ова момче го нарекуваат – риба момче. Пан има константни болки од кои тешко може и да заспие – пишува The Sun.
Ихтиозата е болест на кожата која нема влажност. Се задебелува и пука. Нема ни лек.
Единствено што може да сe стори е човекот кој боледува од ихтиоза да е под постојана нега, постојано да сe мачка со креми кои колку толку ќе ја навлажнат кожата и нема да дојде до распукување и инфекции.
Минатата година беше емитуван документарец за тинејџер од Виетнам кој боледува од истата болест.
Според Телеграф.рс можно е болеста да е последица на користењето на хемиски оружја во војната во Виетнам.
Според isciencetimes.com 16 000 бебиња во светот секоја година заболуваат од оваа болест .